Почетна Вести Регион Ал Џезира: Муслиманите од Балканот треба да издвојат десетина плати за да заминат на аџилак
Ал Џезира: Муслиманите од Балканот треба да издвојат десетина плати за да заминат на аџилак

Ал Џезира: Муслиманите од Балканот треба да издвојат десетина плати за да заминат на аџилак

54
0

Муслиманските верници од земјите од поранешна Југославија треба да издвојат десетина месечни плати за да заминат на аџилак во Саудиска Арабија.

Верниците од Косово треба да издвојат 10,2 просечни плати, додека верниците од Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина за аџилак им требаат повеќе од девет месечни плати.

За заминување на аџилак од Србија потребни се околу осум просечни плати, а од Бугарија и Турција – седум, објави Ал Џезира – Балкан.

Од друга страна, на верниците од Австрија, Данска, Германија и Швајцарија им е доволна една просечна плата за подмирување на трошоците за патување на аџилак во Мека.

Од Македонија, на аџилак може да се патува во аранжман на приватна агенција, чиј основен пакет чини 3.700 евра, а целосен 4.200. Ал Џезира-Балкан наведува дека македонската Исламска заедница се уште не формирала цена за таквото патување.

Цената за заминување на аџилак се однесува на трошоците за авионски превоз, сместување во хотел, храна и такса. Поради војната во Сирија, верниците од регионот на аџилак заминуваат исклучиво со авион.

Исламската заедница во БиХ ја утврди цената за оние кои сакаат да ја исполнат верската должност и изнесува 4.167 евра по лице. Од Мешихатот на Исламската заедница во Србија со седиште во Нови Пазар наведуваат дека годинава аџилакот е поскап за 200 евра и изнесува 4.000 евра по лице.

Оние кои ќе патуваат во организација на Исламска заедница со седиште во Белград, треба да издвојат 3.600 евра.

Цената за патување на аџилак е зголемена годинава за неколку стотина евра и во другите земји од регионот, додека во Црна Гора се уште не е формирана цената. Верниците од Словенија минатата година плаќале по 3.900 евра, а годинава ќе треба да издвојат 4.400 евра.

Најевтино заминување на аџилак плаќаат жителите на Бугарија, Косово и Албанија.

Цената за аџилак е зголемена и во другите европски земји, а одделни агенции се уште не формирале цена со оглед на тоа дека „Саудиска Арабија секогаш воведува дополнителни такси кои треба да се платат“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *