Почетна Анализа Ако не беше Принц, Чарлс ќе беше Православен
Ако не беше Принц, Чарлс ќе беше Православен

Ако не беше Принц, Чарлс ќе беше Православен

2.09K
0

Британскиот престолонаследник принцот Чарлс, кој неодамна ја заврши својата посета во Србија има православни корени. Неговиот татко Филип, војводата од Единбург, пред да стапи во брак бил православен, а роден е на островот Крф, Грција.

Филип пред да се венча со сегашната кралица Елизабета Втора морал да ја смени својата вера. Биографите на кралското семејство напишале дека Филип со стапување во брак престанал да биде православен, но никогаш не престанал да се крсти на начин како што тоа го прават претставниците на православната црква.

Но, многумина сметаат дека Чарлсовата приврзаност кон православието не е само поради неговиот татко. Принцот не го крие воодушевувањето кон православните манастири. Тој е редовен посетител е на Света Гора, каде оди како приватно лице, а најмногу време поминува во манастирот Вотопед, каде прв пат бил во 1996 година.

– Таму оди како Черлс од Британија, а не како принц од Велс. Принцот вели дека посетата на Света Гора му носи спокој – кусо изјавила неговата портпаролка.

Принцот и неговиот татко Филип се и почесни членови на Англиското друштво на пријатели на Света Гора.

Carls sveta gora 2Кога Хиландар го зафати голем пожар, Чарлс бил меѓу првите кои пружиле помош за обнова, донирајќи речиси милион евра.

– Она што луѓето често го забораваат се неговите православни корени. Приказната за неговиот татко веројатно ја знаете, но тој не бил единствениот роднина на Чарлс кој имал православни корени. И неговата тетка, војвотката Еугенија била прогласена за православна светица, откако била убиена во Москва. Неговата баба по татко, Алис, пак, била калуѓерка речиси целиот живот. Кога се преселила во Лонсон имала своја православна капела во Бекингемската палата. По нејзино барање била погребана во Ерусалим, според обичаите на Руската православна црква. Алис била многу јака жена, а нејзиното влијание врз Чарлс е можеби и најголемо – рекол во една прилика грчкиот епископ Јоргос Тијатирски за „Гардијан“.

Токму овој британски весник пред неколку години го објави текстот за принцот Чарлс, каде посебен акцент се става на неговата вера.

– Еден ден тој ќе стане крал на Велика Британија. Но, во што тој всушност верува? Принц Чарлс делува несигурно во својата вера и се обидува да ги пронајде корените на својата духовност. Дали православието излегува на површина? – пишува во еден дел од текстот во „Гардијан“.

Епископот Антимос од Александрополис, пак, изјавил дека ваквите мали напади на принцот произлегуваат на неговата приврзаност кон православието.

– Ако тој тоа јавно го признае би имал големи проблеми како официјален престолонаследник на британскиот трон, рекол Антимос.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *