Почетна Вера МПЦ-ОА Ахмети за Божик: Нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот
Ахмети за Божик: Нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот

Ахмети за Божик: Нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот

12
0

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати четитка до православните верници по повод големиот христијански празник Божик.

-Почитувани православни верници, ми претставува особено задоволство, во мое име но и во име на сите нас при Демократската унија за интеграција, да ви го честитам големиот празник Божик со најискрени желби за спокој, мир, здравје и благосостојба во вашите домови и за вашите најмили.

Славењето и одбележувањето на раѓањето на  надежта и на вербата треба да не поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж за подобар, посигурен, побезбеден и поперспективен живот за сите нас, заедно.

Посакувајќи ви ги сите благодети за вас и вашите семејства, уверен сум дека нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот, за соживот, за општество без предрасуди, напредок, мир и интеграција.

Празниците како Божик не потсеќаат да подзастанеме и да размислиме дали сме на правиот пат, а денес јас сум уверен дека сме во правец на нашата заедничка подобра иднина. Честит празник, за многу години, се вели во честитката од Ахмети.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *