Почетна Вера МПЦ-ОА Ахмети: Овој Божиќ го означуваме во многу важна година за нашата земја
Ахмети: Овој Божиќ го означуваме во многу важна година за нашата земја

Ахмети: Овој Божиќ го означуваме во многу важна година за нашата земја

66
0

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка за Божик до сите верници што го слават овој празник.

„Нашите најдобри и најискрени честитки за големиот Христијански празник со искрени желби за среќа, здравје и бериќет во вашите домови.

На овој свет ден на раѓањето и зајакнувањето на вербата, во нашите срца нека се прероди надежта за иднината, каде што сите, без разлика, да ги соединиме напорите и посветеноста за исполнување на очекувањата што ќе не направи едно пристојно општество за да станеме дел од големото европско семејство.

Овој Божиќ го означуваме во една многу важна година за нашата земја, еден момент кој ги отвара сите можности за евро-атланската интеграција на земјата, заедно да ги надминеме сите вештачки препреки и во духот на довербата, разбирањето и соработката заедно да чекориме кон патот на напредокот и благосостојбата“, пишува во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *