Почетна Вести АХМЕТИ: Црквата не смее да се урива
АХМЕТИ: Црквата не смее да се урива

АХМЕТИ: Црквата не смее да се урива

268
0

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети не дозволува да се утре црквата во дворото на Универзитетот во Приштина. Тој смета дека таа треба да остане како доказ за намерите кои ги имал поранешниот српски Претседател, Слободан Милошевиќ.

-Мислам дека црквата не треба да биде срушена, напротив мислам дека таа треба да биде отворена за јавн0ста, за да служи како лекција на младите студенти за тоа какви намери имаше Милошевиќ. Како доказ дека тој сакаше да остави траги и во дворот на Универзитетот, изјавил Ахмети за косовските медиуми.

Градските власти немаат никаква документација за недоизградената црква во дворот на Универзитетот и таа се уште така стои.

Ахмети тврди дека српските власти не поднеле никаква документација за легализација, од едноставна причина што Србија не го признава Косово.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *