Агент на влијание во Скопје е насловот на најновиот документарен филм посветен на руските црковни врски и нивното влијание во МПЦ – ОА и Македонија. Документарецот е за протераниот Васијан Змеев, екс шеф на руското црековно подворје во Софија, кој беше редовен гостин на МПЦ-ОА се до моментот деодека државата не му забрани влез.
Васијан Змеев во Македонија оддржува редовни средби со мнозинството Владици од Светиот Архиерејски Синод на Македонската православа црква. Средбите со Синодот, Змеев ги злоупотребува да добие легитимитет и слободно започнува активности од сериозен пропаганден карактер патувајќи низ речиси сите Епархии на МПЦ и оддржува предавања во затворен круг на присутни на тема „(Не)потребата од врзување за Вселенската Патријаршија на МПЦ“. За време на неговата активност во Скопје, Змеев има постојан престој во Софија каде што престојува веќе неколку години. Според експертот за дезинформации и хибридни закани од Софија, Владимир Владимиров, дејствувањето на Змеев не било ограничено само како Агент на влијание на руските служби во црковните спорови на МПЦ со СПЦ. Веројатно тој бил сериозно и темелно подготвен за посложена политичка „разузнавачка“ операција насочена против НАТО и против ЕУ, столи како информација во документарецот.
Погледнете го целото видео.
Авотор на документарецот е Миле Бошњаковски, а тој е дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“. Во истражувачката репортажа се обработува детално темата со влијанието на руските агенти на влијание во Македонија 2023 година и како нивната разузнавачка работа делувала на преглед на пропаганда низ медиумите и социјалните мрежи насочена против Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква.


Кој може да го прави народот будала во ова време? Режисер ли, аналитичар ли, политичар ли, новинар ли, архимандрит ли? Вие што се занимавате со празни соништа за полни џебови, знаете дека наскоро ќе нема од каде леб да јадете. Вам може да ви плати некој центар на каква-било политичка (битно платежна) моќ и да си замислувате дека го просветлувате народот со некаква нова светлина на реалноста (која впрочем бесплатно го известува сама за себе од сите страни, без никаква потреба да вадите од тајни ќошиња личности чие име не би го ни знаел да не се обидувавте да му ги подметнете со илјадници хиперболи и безидејни интерпретации за да се извлечете од калта во која би сакале да го удавите). Безбожните мислители со безбожно расудување – што е најсмешно своите очигледни коварства се надеваат да ги наметнат на слична атеистичка публика, со надеж дека духовното слепило е заразно. Но духовно живиот човек е прилично суверен мислител, има свој личен интегритет, не е ни многу љубопитен, не му требаат многу информации за да ја почувствува живата, јасна вистина, зашто тој со Вистината лично и недвосмислено низ сите димензии на својот духовен подвиг постојано беседи, затоа што и самиот е дел од Неа. Документарен филм? Што ли беше тоа!? Еден жанр кој настојува да создаде интелигентна синтеза на документирани (запишани, снимени, попишани) факти (?) заради предочување на Големата слика за поочигледна или разоткривање на скриена вистина. Документарен филм не може да биде плукни-залепи монтажа од банални вести со дополнителни (исто толку банални) хипотетички толкувања кои впрочем не укажуваат на никакви последици од наводните предупредувања за своевидни духовни катастрофи (чинам тоа е намерата, што друго?). Во овој филм нема докази, ама врие од набедувања. А и македонскиот верник нема никако да ви ја прифати оваа навреда на неговата интелигенција, а уште помалку на интелигенцијата на архиереите на Македонската Православна Црква, кои настојувате да ги претставите како шути празноглавци коишто секој може да ги заведе или потчини. Кратко кажано: врапчињата на гранките знаат многу подобро и од луѓето вмешани во оваа грда завера дека жигосувањето на о. Васијан Змеев е политички монтирано заради попречување на нормалните, редовни врски на Руската Православна Црква со Помесните Цркви во овој дел од регионот, и е дел од хибридната војна на колективниот Запад против изворното Православие. Хиперболизирањето на улогата на Палевски во креирање на јавното мислење меѓу верниот народ во Македонија е исто таква злоупотреба и нов потег на политички инженеринг за зацврстување на глобалистичките позиции во општеството воопшто – не би сакала да потсетувам на покајание личности од Црквата на кои главно (поточно кажано единствено) оружје за зачувување на личната безбедност треба да им биде покајанието, молитвата, трезвеноумието и сиот духовен арсенал кој ја сочинува содржината на нивниот живот и предназначеност. Љупчо Палевски и да бил некаков гласноговорник, не бил великиот авторитет од кого македонскиот народ црпел мудрост, сила, информации итн. за својата борба со внатрешниот и надворешниот непријател и сите вие тоа добро го знаете. Кога му ја припишувате таа улога, упорствувате да ја укинете Божјата, што не е можно. Подобар филм ќе дојде, ама не знам колку ќе ви се допадне.