Почетна Вести Христијанство Агатангел: Со свеќи в раце на своите балкони заедно да ја запееме Христос воскресна од мртвите
Агатангел: Со свеќи в раце на своите балкони заедно да ја запееме Христос воскресна од мртвите

Агатангел: Со свеќи в раце на своите балкони заедно да ја запееме Христос воскресна од мртвите

1.05K
1

Повардарскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Агатангел ги повика верниците на неговата епархија да се приклучат на празнувањето на Воскресението Христово в сабота, со тоа што ќе излезат на балконите и со свеќи в раце, на полноќ, ќе ја запеат воскресната песна„ Христос воскресна од мртвите…“.

Забраната за учество на верници на Велигденската литургија е причината зошто овој Велигден ќе биде прославен само со свештеници во црквите. Повардарскиот митрополит г. Агатангел ги повика верниците да се приклучат на прославата во момент кога ќе ги слушнат биењата на камбаните на полноќ.

Возљубени наши духовни чеда.  Поради пандемијата со корона вирусот (КОВИД 19), иако црквите ќе бидат отворени, во нив ќе служат само свештениците. Затоа, за да ја почувствувате Воскресенската радост која ги осветлува срцата и душите, Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните, кои ќе го означат Христовото Воскресение, со запалени осветени црковни свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на Вашите балкони, Вашите дворови или пак, во Вашите дневни простории и громогласно да ја запеете Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари“, стои во повикот на владиката Агатангел.

Тој потсетува дека Воскресението на Христос не е само еден историски настан, туку тоа во себе ја содржи силата која може да го преобрази светот. И само преку верата во Воскресението може да се доживее оваа сила и светлина, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

-Се молам татковски од длабочините на моето срце, светлината и радоста на Воскресението Христово да го исполнат целиот свет, да се исполниме со вера, надеж и љубов за подобро утре, и што поскоро да нѐ одмине ова страдање, од кое никој не е поштеден. Светлината Христова да ги просветли сите, вели Митрополит Повардарски г. Агатангел

Коментар(1)

  1. Аааа…
    Има да биде добра журка во повардарска епархија🙃😀🙃
    Like!
    Жал ми е што нема да присуствувам, зафатена сум од оправдани причини!
    На сите присутни им пожелувам трпение и смирение од петок навечер до вторник наутро;
    Ќе издржите!
    Ние сме Македонци!Што се 4 дена!?
    4 дена послушание и кон црковните и кон секуларните власти ќе поминат бргу!
    Но 4 дена непослушание – некого можат да коштат многу!
    Сетете се на зборовите на Оној чие воскресение го славиме:
    На царот царевото…
    И…
    Зошто еден дел од небесните ангели паднале и се претвориле во црни демони?
    – Поради непослушание и непочитување на небесната ерархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *