Почетна Вести Христијанство Агатангел и Пимен повикаа да прекине омразата меѓу Македонците
Агатангел и Пимен повикаа да прекине омразата меѓу Македонците

Агатангел и Пимен повикаа да прекине омразата меѓу Македонците

874
1

Повардарскиот митрополит Агатангел и Европскиот митрополит Пимен, кои беа единствените двајца владици на МПЦ-ОА, кои за време на Референдумот беа активни на двете различни страни – Пимен за поддршка на реферндумот, Агатангел за подршка на Бојкотот, викендов во Струга демонстрираа единство. Двајцата беа учесници на Црковно-народниот собор во Калишта, а за своите верници направија и заедничка фотографија со која ги повикаа дека секој може да има свое мислење, но дека треба да прекине омразата еден кон друг.

Отец Пимен ја сподели фотографијата на својот Фејсбук профил и еве што напиша:

-Спротиставени ставови, а единствени во љубовта во Христа.
Време е да научите дека може да мислиме различно и да дебатираме за тоа, а сепак да не се мразиме.

Ако пак не извлечете поука сетете се на зборовите Христови:
“Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.”(Лука 16,31)
Ај за многу години! Ум во глава и љубов во срцата, а не камен во раката, напиша отец Пимен како коментар на фотографијата.

/фото: Јулијана Тануровска

Коментар(1)

  1. Ааа, млакост….. Не знаевме. Ова излгеда во пресрет на празникот на Св. Јован Богослов, кој вели: „О да беше студен или жежок!“ итн., итн., итн. (со помпезно отсуство на какви било цитати од Светото Предание, или барем од неговото Откровение 3, 14, во пораката до Лаодикиската Црква) каде некој нешто се обидел да му долови на Европскиот Митрополит… ама не успеал.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *