Почетна Вести Абдеслам продолжува да молчи за нападите во Париз
Абдеслам продолжува да молчи за нападите во Париз

Абдеслам продолжува да молчи за нападите во Париз

140
0

Салах Абдеслам, единствениот жив осомничен за нападите во Париз во ноември, денеска по трет пат одби да зборува пред судот, пренесоа американските медиуми.

abdelslamАдвокатот на Абдеслам, Франк Бертоне изјави дека судијата постојано  поставувал прашања, но без резултат. Бертоне изјави дека Абдеслам не е должен да даде објаснување за своето молчење и очигледно тоа е поврзано со 24-часовно надгледување на кое осомничениот е подложен во ќелијата.

Властите се надеваат дека Абдеслам може да обезбеди информации за стратегиите и мрежите на групата „Исламска држава” и да наведе други луѓе поврзани со нападите во ноември, во кои беа убиени 130 лица.

Абдеслам уште еднаш одбива да зборува пред судот. Уште на првиот распит се потпираа на правото да молчи. Тој бил вознемирен од деноноќниот видео надзор во ќелијата каде е држен под строги безбедносни мерки.

По апсењето на последниот познат преживеан извршител на крвавите напади во Париз, кои зедоа животот на 130 лица, Абдеслам изјави „дека сака да објасни сè”.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *