Почетна Вести Регион Абазовиќ за СПЦ: Луѓето мора да разберат дека Црна Гора е земја во која 70-80% од православните верници се блиски до СПЦ
Абазовиќ за СПЦ: Луѓето мора да разберат дека Црна Гора е земја во која 70-80% од православните верници се блиски до СПЦ

Абазовиќ за СПЦ: Луѓето мора да разберат дека Црна Гора е земја во која 70-80% од православните верници се блиски до СПЦ

332
1

Во интервјуто дадено за ТВ21, заменик премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ на прашањето за влијанието на Српската Православна Црква која го има во Црна Гора и влијанието кое истата го има врз владиниот партнер од коалицијата посочи дека јавноста треба да ја разбере верската ситуација во Црна Гора каде 80% од православните верници се блиски до СПЦ.

„Во однос на влијанието, знаете како, граѓаните во Македонија или во Косово треба да разберат дека Црна Гора е земја во која 70-80% од луѓето што се православни се блиски до Српската православна црква. Само мал дел е близок до Црногорската православна црква. Ова не е прашање на влада, ниту е прашање на Дритан. Не сме тука да одлучиме кој во која црква ќе оди. Ова не е задача на владата. Ниту каде сака да ги врши своите верски обреди. Ова е секуларна држава. Државата е на едната страна, верските организации се на другата страна. Единственото нешто што е обврска на владата е да создаде можност, атмосфера каде што уставните права ќе можат да се спроведуваат и да можат да ги користи секој граѓанин. Ова важи и за неверниците, агностиците или оние кои не веруваат во ниеден Бог. Ние мора да создадеме услови секој човек да го користи ова право, да ги остварува правата предвидени со устав и закон. Ова е нашата идеја и се додека сме во таа насока ќе бидеме во ред. Нема да дозволам никој да доминира над законот, без разлика дали станува збор за црква, џамија, други луѓе или други групи кои имаат други интереси. Сé додека не се надминат законските рамки, сé ќе биде добро. Ги почитувам сите“, порача Абазовиќ.

Коментар(1)

  1. У Црној Гори 99% Православних верника припада Једној Светој Саборној и Апостолској Цркви која је на овом подручју у виду Пећке Патријаршије односно СПЦ.
    Са Мирашом Дедејићем и тзв. ЦПЦ су атеисти,комунисти и црногорске усташе.

Напиши одговор на Слободан Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *