Почетна Коментар Заедно со Бога, или како едно со Бога?
Заедно со Бога, или како едно со Бога?

Заедно со Бога, или како едно со Бога?

270
0

Никој нема потреба повеќе да има каков било сомнеж во однос на целта што Српската православна црква сака да ја постигне преку инфилтрирањето на ПОА на Јован Вранишковски во Македонија.

Српските Архиереи веќе и не ја кријат суштината на спорот што веќе пет децении ја држи МПЦ во заложништво и во изолација од православната екумена.

Ништо од она што се декларативни зборови дека СПЦ сака решение на проблемот во Македонија и дека нема никакви претензии врз црковниот живот на верниците во Македонија не е вистина. Напротив, СПЦ сака многу силна и многу појака вркса со Македонија, освен канонско единство со православната екумена.

СПЦ сака да постигне верификација на своите национал-шовинистички ставови на одредени Владици дека македонскиот народ пред единството со останатите православни цркви, треба духовно да биде потчинет на патријаршискиот трон во Белград.

„Јован Вранишковски и неговата ПОА се само иснтрумент за постигнување на таа цел.“

Последната потврда на оваа теза доаѓа лично до еден од членовите на црковната комисија на СПЦ за преговори со МПЦ. Митрополитот Амфилохие, кој пред извесно време одбележа 30 години од епископската функција и 25 години од моментот кога е поставен за Митрополит, многу јасно и прецизно ја лоцирал суштината, секако за оние кои умеат да ја препознаат во неговите зборови.

Литургијата за тој настан во Соборната црква во Потгорица, ја водел Јован Вранишковски. Тој потег има големо симболичко значење, а тоа особено јасно се чита и од зборовите кои што Амфилохије ги кажал по литургијата.

-Охридската Архиепископија со векови ја зајакнувала Печката Патријаршија, а со тоа го утврдувала и овој трон – светосавски и светоптеровски. Ближни брате вие со својата жртва ја посведочивте верноста на единството на Христовата Црква. Вашето денешно присуство овде е потврда на нашето заедништво. Го потврдувате единството на Охридската Архиепископија со овој трон на Светиот Петар Цетински, дека сме едно и заедно во Бога, рекол Амфилохије по литургијата во Подгорица.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *