Почетна На иста страна Признанија за десетте најдобри познавачи на Куранот
Признанија за десетте најдобри познавачи на Куранот

Признанија за десетте најдобри познавачи на Куранот

54
0

Десетте најдобри познавачи на Куранот – Светата книга на муслиманите, кои изминатиот период ја претставувале Република Македонија на меѓународни натпревари во Иран, Хрватска, Дубаи и други земји, каде постигнале високи резултати, добија награди од комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Станува збор за хафизи на Куранот, односно ученици на Медресата, студенти на Факултетот за исламски науки и дипломирани теолози по исламски науки, кои наизуст ја знаат содржината на Светата книга, а истовремено се препознатливи и по убавиот глас за пеење.

Директорката на Комисијата Валентина Божиновска и Заменик директорот, Зеко Абази во Медресата „Иса Бег“ во Кондово како признанија им доделија англиско-албански речници.
Наградените се пример за идни педагози кои треба да ја негуваат и афирмираат разновидноста на верските и културни заедници, преку почитта на својата и различната од себе вероисповед, велат од Комисијата за однос со верските заедници и религизни групи, посочувајќи дека на овој начин, Комисијата го потенцира уникатното богатство на Македонија, кое несомнено покажува дека религијата и меѓурелигискиот дијалог имаат суштинска улога за надминување на предрасудите, за зближување, разбирање, мир и толеранција меѓу луѓето.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *