Почетна Вести Патријархот Кирил: Родители дајте му духовнен живот на детето
Патријархот Кирил: Родители дајте му духовнен живот на детето

Патријархот Кирил: Родители дајте му духовнен живот на детето

226
0

Рускиот патријарх Кирил смета дека родителската грижа и посветеност кај децата има огромно значење за духовниот живот на едно дете. Потенцира дека не секогаш родителите се свесни за суштината на кршевањето, носењето во црква. Од тие причини Кирил апелира дека родителискиот подвиг е од огромно значење за детскиот духовен развој.

-Ги кршеваме децата, ги носиме во храмовите, а можеби до крај не сме свесни дека им даваме благослов за посебен живот. Тие го добиваат дарот на Светиот Дух, но често се случува, поради невнимателност на родителите кон духовниот живот, поради одалеченоста од Бог, детето да не расте духовно, да не воздигнува како Дева Марија по скалите на храмот и затоа со крштевката се одвојува од целиот понатамошен живот, рекол рускиот Патријарх Кирил во проповедтта на празникот Воведение во храмот на Пресветата Богородица.

Денес, вели тој задача на Црвата е секое крстено дете да ја сочува врската со ова случување низ воспитување и учење.

-Огромно значење има и родителскиот подвиг – пред се, тие треба да бидат свесни дека пред Бог имаат одговорност дека животот на детето, кој почнува од храмот, доведе до големи дела во личниот, во семејниот живот, а можеби и надвор од нивните граници. Таквите дела се само можни ако човековиот живот е поврзан со храмот, со верата, со молитвата и со Бог – вели патријархот Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *