Црквата на Чешка и Словачка ја одбележила 13-годишнината од хиротонијата за епископ на Архиепископот Прешовски и на цела Чешка и Словачка, Растислав. Неговото хиротонисување се одржало во катедралата „Свети Александар Невски“ во Прешов, Словачка, на 18 ноември 2012 година. По повод годишнината, тој дал целосно интервју на официјалната веб-страница на Црквата на Чешка и Словачка, говорејќи, меѓу другото, и за својатаепископска служба.
Зборувајќи за очекувањата, визиите и предизвиците, Претстојателот на Црквата на Чешка и Словачка нагласилдека работата на еден Епископ – како и духовниот живот на секој христијанин – бара понизност, трпение и доверба во Бога. Тој се осврнал на клучните искуства, како што е пандемијата, кои истакнаа колку е непредвидлив светот во кој живееме и колку се скапоцен Божји дар човечкиот живот и здравјето.
Во исто време, тој зборувал и за општествените промени од последната деценија во Словачка, растечката поларизација, кризата на вредностите и нивното влијание врз црковната средина. Тој истакнал дека Црквата не е имуна на екстремизмот, презирот и нетолеранцијата што се провлекуваат во општеството, истовремено се осврнувајќи се и на внатрешните предизвици: преиспитувањето на црковниот авторитет, судењето на свештенството, но и погрешното толкување на Црквата како една секуларна институција. Во контекст на ова, Архиепископот нагласил дека заздравувањето на општеството бара доверба, работа на себеси и обновување на духовноста.
Растислав потсетил дека непоколебливата посветеност на Христос, чистотата на срцето и љубовта претставуваат единствена сигурна основа во светот што се менува. Заклучил дека, и покрај искушенијата, човековиот стремеж за добро го исполнува со надеж за иднината на Црквата и општеството.

