Раководството на Светскиот совет на цркви одржа средба со кинески државни претставници во Пекин

Date:

Share post:

Лидерите на Светскиот совет на цркви оствариле официјална средба со Дуaн Јиџун, заменик-министер во Оддел за работа на Обединетиот фронт на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и генерален директор на Државната администрација за верски прашања. Од страна на ССЦ, на состанокот присуствувале епископот проф. д-р Хајнрих Бедфорд-Штром, модератор на Централниот комитет, од заменик-модераторката преп. Мерлин Хајд Рајли, како и од генералниот секретар преп. проф. д-р Џери Пиле.

Кинескиот заменик-министер упатил топло добредојде до делегацијата на ССЦ, истакнувајќи дека односите меѓу Кина и Светскиот совет на цркви се „стабилни, здрави и во развој“. На средбата се разговарало за улогата на ССЦ во унапредувањето на единството на црквите, меѓурелигискиот дијалог и напорите за глобален мир. Посебен акцент бил ставен на соработката со Кинескиот христијански совет, кој е дел од ССЦ, и на неговата работа за единството и благосостојба на луѓето, како и на промоцијата на мирот и градењето мостови помеѓу христијанските заедници.

Бедфорд-Штром ја истакнал важноста да се потврди положбата на христијанството во Кина, нагласувајќи дека „Кина е центар на светското печатење на Библии“ и дека „Библијата е достапна за сите христијани во земјата“. Тој додал дека придонесот на христијанските заедници во духовниот и општествениот живот во Кина заслужува признание

Средбата се случила во рамките на заседанието на Извршниот комитет на Светскиот совет на цркви, кое се одржувало во Хангжу, Кина, од 20 до 25 ноември.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img