Голема екуменска конференција во Бостон

Date:

Share post:

Во САД, во организација на Икуменскиот институт Хафингтон (Huffington Ecumenical Institute),  во Културниот центар „Малиотис“ при Хеленскиот колеџ на Чесниот Крст во Бостон, Масачусетс, се одржала меѓународната конференција на тема „Источните и древните ориентални Православни Цркви: да го придвижиме дијалогот напред“. Целта на конферецијата  била насочена кон продолжување и продлабочување на богословскиот дијалог меѓу Православната Црква и древните ориентални цркви, со цел поголемо заемно разбирање и приближување кон евентуално востановување на евхаристиско општење. На собирот учествувале архиереи и претставници на иточните и ориенталните Православни Цркви, како и истакнати богослови, универзитетски професори и студенти од колеџот „Чесниот Крст“, како и други академски институции. Меѓу главните говорници биле Архиепископот Елпидофор на Америка, Архиепископот Виген од Ерменската Апостолска Црква, Епископот Кирил од Коптската Православна Црква и претставници на Православното христијанско братство, кои говореле за историските разлики, древните собори и современите предизвици на патот кон единството.

Во една од клучните богословски сесии посветена на христологијата, Митрополитот на Неа Јонија, Гавриил заедно со проф. Димитриос Батрелос и претставничката на Етиопската Тевахедо Црква, Ацеде Елегба, дискутирале за начинот на кој различните формулации за Христовата природа може да се разберат како компатибилни, наместо спротивставени, доколку се гледаат во духот на доверба и почитта кон историските формулации на другата страна.

Конференцијата опфатила и сесии за агиологијата и литургискиот живот, панел-дискусии за заедничко сведоштво во современото општество, како и завршна тркалезна маса со млади од Православното христијанско братство и студенти на колеџот, кои зборувале за тоа како теолошкиот дијалог може да се преточи во конкретни заеднички активности и сведоштво меѓу младите.

Организаторите на конференцијата истакнале дека целта не е да се „избришат“ историските разлики, туку да се надминат раните и недовербата од минатото, прифаќајќи дека полнотата на единството не значи апсолутна еднаквост во изразите и традициите, туку заедништво во истата вера и љубов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Владиката Петар удри по Владиката Јован – кратко траеше хармонијата во МПЦ

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар жестокот го нападна митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован, во гостување на поткастот НатКаст со Љупчо Цветановски. Гостувањето на...

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...

Рускиот патријах без одлука на Синодот разрешува непослушни владици

Касно вечерта на 8 ноември рускиот патријарх Кирил ненадејно го разреши патријаршискиот егзарх за Западна Европа – Корсунскиот...

Собранието на епископите на САД: „Забрзан раст на Православието во Америка“

Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави се собра во Денвер, Колорадо, од 6 до 8...