Црквата на Македонија ја поддржа Русија?

Date:

Share post:

Посетата на Митрополиот Петар и на Епископот Никола на Москва предзвика големо внимание во црковните кругови во Украина. Тамошните медиуми пишуваат за тоа како мовинарите објаснуваат зошто ова ѝ е потребно на Русија, но на никој не му е јасно што добива МПЦ-ОА со тоа.

Повикувајќи се на текст објавен на македонската страница на Радио Слободна Европа, украинските медиуми пишуваат за посетата на македонскиот митрополит Петар кој учествуваше на литургија во близина на Москва, предводена од рускиот патријарх Кирил Гундјаев и дека за време на богослужбата била изразена поддршка кон рускиот претседател и кон руската армија во окупацијата на Украина.

Посетата доаѓа во време кога руските црковни великодостојници се во изолација од другите православни цркви. Митрополијата на МПЦ–ОА соопшти дека присуството на митрополитот Петар на литургијата е „порака на единство меѓу двете сестрински православни цркви и израз на верата и духовното братство меѓу двата православни народи“.

Медиумот го цитира и Бранко Ѓорѓиевски, новинар и експерт за верски прашања, кој нагласува дека ваквите контакти со РПЦ не можат да се сметаат за „нормални и редовни“, особено поради тоа што ова е прва ваква посета по тригодишна пауза откако архимандритот Васијан (Змеев) доби забрана за влез во Северна Македонија и Бугарија. Ѓорѓиевски потсетува дека МПЦ–ОА повеќепати била критикувана поради сомневања дека во нејзиниот Синод постои влијателна група која лобира за руските интереси, и дека поголемиот дел на одлуки на Црквата се носат под тој притисок.

„По оваа посета може да се постави прашањето дали ова е сигнал за интензивирање на контактите и зголемување на присуството на руски црковни претставници во Северна Македонија,“ изјавува Ѓорѓиевски.

„Руската црква ја гледа Македонската како ‘врата’ за излез од изолацијата, но целта е и поширока — да ја придобие на своја страна во конфликтот што Москва го има со Вселенската патријаршија,“ додава тој.

Во коментар, редакцијата на Православна Украина,  потсетува дека во 2020 година државното раководство на Македонија се обрати до Вселенскиот патријарх со барање за Томос, по примерот на Украина. Но, Српската православна црква, која дотогаш се цврсто спротивставуваше на независноста на МПЦ, ја презеде иницијативата и го „нормализираше“ нејзиниот статус – по што, како што пишува изданието, ја „предаде“ под покровителство на Москва. Во коментарот се наведува дека МПЦ–ОА, „наместо да се сеќава на сопствената изолација и понижувања“, сега доброволно влегува во кругот на вазалите на крвавиот патријарх, и со тоа покажува извесна солидарност со Кремљ. Авторот потсетува и на украинската поддршка од 2001 година, кога Украина ѝ донирала на Македонија најмалку 12 летала – 8 хеликоптери и 4 авиони Су-25 – со што всушност ѝ го оформува воздушниот парк на државата во критичен момент. Во текстот се спомнува и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кој купува голем број имоти, започнува изградба на цркви па дури и имал обид да подари јахта на локалниот митрополит – гест кој бил осуетен поради реакција на разузнавачки служби. „Москва знае како да ‘пријателствува’,“ заклучува авторот, прашувајќи се дали МПЦ навистина прави стратешки потези за своја полза или само станува алатка за туѓи интереси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија. Сослужувањето е во...

Српската дијаспора со комеморации за жртвите од Нови Сад: Митрополитот Григорије меѓу присутните

Српската дијаспора ширум светот – од Европа и Северна Америка, преку Австралија, до Азија – денес организира синхронизирани...

Во Соборниот храм донесена честица од моштите на Свети Климент Римски

Честица од моштите на Свети Климент Папа Римски биле донесени во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Моштите...

Скандал на Закинтос: Митрополит јавно понижи наставник поради облека во црква

Бура од реакции предизвика на грчкиот остров Закинтос јавното понижување на наставник и директор на училиште од страна...