Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска помош за украинските цркви.
Во почетокот на октомври, делегација од северноевропски епископи ја посети Украина, а за време на посетата беше подготвен заеднички апел што го објави Лутеранската светска федерација. Апелот, потпишан од лутерански и православни епископи од Северна Европа, се залага за заштита на правата на децата и остро го осудува начинот на кој се постапува со украинските деца насилно депортирани во Русија.
Во документот се нагласува дека таквите постапки претставуваат прекршување на меѓународното право и на христијанското почитување на човечкото достоинство. „Децата не смеат да бидат средство во војна – тие се носители на Божјиот лик и имаат право на своето семејство, култура и идентитет“, се вели во апелот. Црквата, како што се истакнува, секогаш стои на страната на најслабите и бара децата да бидат вратени во своите домови.
По посетата на Украина, на состанокот одржан на 22 октомври, Синодот на Евангелско-лутеранската Црква во Финска одобри грант од 10.000 евра од фондот за меѓународни и екуменски односи. Средствата се наменети за Православната Црква во Украина и за Германската евангелско-лутеранска Црква во Украина, за поддршка на нивната дијакониска работа во земјата.
Оваа помош претставува знак на солидарност и пријателство од финската Евангелско-лутеранска Црква кон украинските цркви и народот што страда од војната.
/Црковен журнал


За скандинавските цркви и онака се’ е релативно, а не е ни важно колку е вистина т. н. насилно евакуирање од руска страна на украински деца и нивно задржување во Русија. Сканндинавците (клирот) и онака си ги продаваат своите црковни храмови ако се утврди дека не се доходовни, односно доволно посетени и пет пари не даваат ако следниот сопственик таквиот објект (некогашен црковен храм) го пренамени во ресторан, бордел, друг вид собиралиште… Ама нашче прилика да се прикажат како извесен христијански фактор на меѓународната сцена. Е сега колку е тоа дејствително и благочестиво е сосем друга тема. Не одат така тие работи, веднаш ќе им се вратат како бумеранг.