СПЦ детектирана како главен дистрибутер на руски политички интереси на Балканот

Date:

Share post:

Српската православна црква и нејзината улога во регионот е детектирана како главен дистрибутер на српски и руски политички притисок за спречување на демократските процеси во Западен Балкан. Тоа го пишува Лордот Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО, во свој изработен документ со препораки за британската дипломатија, во однос на потребата таа да се позиционира во прецесите на овој регион. Документот, што го објави Инфомакс.мк е насочан кон начин како да се спречи руско-српското влијание, особено во Македонија.

-Денес, Русија одржува силно разузнавачко и паравоено присуство во Србија.а Белград е, заедно со Белорусија, главен набавувач на руско и кинеско оружјево Европа. Русија и Србија рутински спроведуваат заеднички разузнавачки операции во регионот, со експлицитна цел да се спречи понатамошното проширување на НАТО на Западен Балкан. Белград е, исто така, главен транзитен јазол за волонтери кои се пријавиле во руските окупациски сили во Украина, од кои некои, пак, се регрутирани во руските разузнавачки служби. Србија е исто така место на најголемата руска разузнавачка станица во регионот, Рускиот хуманитарен центар во Ниш. Таа земја, исто така, е домаќин на комплексна мрежа на компании, граѓански здруженија и наводно културни иницијативи кои служат како фронтални организации за руските стратешки интереси. Во целиот регион, Српската православна црква, исто така, делува како главен дистрибутер на српски и руски политички притисок врз спречување на демократските процеси, пишува Лордот Робертсон.

Тој дефинира дека излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ и дава на владата степен на дипломатска флексибилност, што може да ѝ овозможи да им помогне на британските сојузници. Имено, поради својата позиција надвор од ЕУ, но членството во НАТО и Г7, Обединетото Кралство може да го игра улогата на чесен посредник во помагањето да се решат вкоренетите спорови на Западниот Балкан. Во своите препораки за британската дипломатија во однос на македонско бугарскиот спор, авторот на овој документ, поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон вели:

-Така Британија треба да понуди да посредува во спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, за да го спречи натамошно назадување на Скопје и тендецијата да оди кон во руско-српската орбита. Тоа може да го направи со посредување. Ќор-сокакот меѓу двете страни треба да се бара врз основа на содржината на нивната постоечки Договор од 2017 година . Обединетото Кралство, исто така, може да се потпре на најдобрите практики усвоени оттогаш. Договорот за мир во Северна Ирска, особено во образованието е добар пример. Со цел да се ​​поттикне напредок, Обединетото Кралство може да понуди дополнителна поддршка во бугарските аспирации за пристапување кон ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) со зголемување на обемот на програмите за истражувања и развој. Исто така Велика Британија може да ги поттикне британските инвеститори за инвестирање во Бугарија. Слични понуди треба да и се дадат и на Северна Македонија во соработка со Франција и Германија со цел да се поведе земјата кон забрзано отворање на поглавјата за пристапување во ЕУ, што овозможува поголем пристап на Северна Македонија до развојните фондови на ЕУ.”

Во проценката на актуелните безбедносно политички процеси во Македонија, Лордот Робертсон стравува од свртување на Македонија кон руско-српската орбита.

-Сите јавни анкети кои се достапни во моментов сугерираат дека додека јавноста на Западен Балкан– освен Србија – остануваат определени за интеграција во ЕУ (и НАТО), но нивната вера во процесот имплодира. Накратко, Западен Балкан сака да влезе во ЕУ иНАТО, но не веруваат дека ЕУ и НАТО сакаат да ги прифатат. Северна Македонија, која по Договорот од Преспа од 2018 година се појави како фаворит во регионот сега се соочува со фрустрации за темпото на нејзиниот пристап во ЕУ, што резултира со зголемување на поддршката на националистичката агенда. Тоа пак води кон обновување на можности за зголемено влијание на Србија, Русија и Кина во таа земја”.

Во овој документ од 15 страници потпишани од Лордот Робертсон, а го објави Информакс, се прави детална анализа на руските и кинески влијанија во регионот, посочувајќи дека од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година, Западниот Балкан е идентификуван како зона на зголемена (ин)директен руска агресија.

-Во Црна Гора, земја членка на НАТО од 2016 година, малигното влијание на режимите на Путин и Вучиќ е вкоренето на сите политичко општествени нивоа. Од државниот удар во 2016 година за кој постои сомневање дека делумно бил извршен од руски и српски оперативци, и насилствата од 2021 година што го придружува поставувањето на новиот патријарх на Српската православна црква во Црна Гора постојат значителни грижи за зголемено руско и српско влијание во земјата. Слично на Србија и Црна Гора станаа патна станица за руските комерцијални интереси пред се оние кои се насочени кон уривање санкции усмерени кон Русија” се вели во овие препораки на поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон кој предлага дипломатска акција на британската дипломатија на Балканот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img