Проданоски: Нови културни настани ќе ја раздвижат креативната сцена во Прилеп

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави серија нови културни настани со цел да се заживее локалната уметничка сцена и да се поттикне креативноста кај младите.

Screenshot

„Ќе направиме нови културни настани за општина Прилеп! Работилници за мозаик, фестивал на стендап-комедија, музички рок фестивал и фестивал на уличната уметност. Настани што ќе ја збогатат нашата културна сцена и ќе поттикнат креативност кај младите,“ истакна Проданоски.

Со овие активности, Прилеп ќе добие нови можности за промоција на талентот, уметноста и современите културни изрази, што, според Проданоски, ќе придонесе за побогат и подинамичен градски живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img