Илјадници верници се собраа во Јаши, на булеварот „Стефан чел Маре“, за да присуствуваат на Божествената литургија по повод празникот на Света Петка – Света Параскева, еден од најзначајните православни празници во Романија.
Богослужбата беше отслужена на надворешниот олтар поставен во близина на Митрополитската катедрала и беше сослужена од голема делегација архиереи од Романија и од други православни земји, меѓу кои и митрополитот Филотеј од Солун, митрополитот Јоаникиј од Црна Гора и Приморје, како и митрополитот Анастасиј од Корча.
Пееше хорот „Sanctus“ на Митрополитската катедрала во Јаш, додавајќи свеченост и духовна длабочина на празникот.
Овогодишното празнување имаше особено значење, бидејќи покрај моштите на Света Параскева Јашка, беа изложени и моштите на Свети Григориј Палама, донесени од Солун, Грција, за поклонение на верните.
Годишното поклонение во Јаши продолжува да привлекува десетици илјади православни христијани од цела Романија и од странство, кои доаѓаат да се помолат, да принесат благодарност и да побараат благослов од почитуваните светители.
/Црковен Журнал

