Социјално загорзените семејства во Охрид добија пакети со храна и хигиенски средства, што ги обезбеди хуманитарната организација Свети Спас од Скопската епархија.
Отец Оливер, заедно со Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј денеска ги поделија пакетите во дворот на срквата Света Богородица Перивлепта.
-Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и митрополитот Дебарско-Кичевски г.Георгиј, денес во дворот на храмот Света Богородица Перивлепта, во Охрид, во соработка со хуманитарната организација на Скопската Епархија при МПЦ-ОА, Свети Спас, беа поделени пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени семејства од Охрид, велат од Дебарско-кичевската епархија.
Хуманитарната организација Свети Спас со години ја шири својата мисија за помош на луѓето на кои им е најпотребно.

