Македонците од Холандија на литургија со владиката Пимен во Утрехт

Date:

Share post:

Македонците од Холандија на 11 октомври се собраа во новата црква во Утрехт, која е под црковната општина Свети Стефан на голема литургија, со која чиноначалствуваше Европслиот митрополит Пимен. Нему му сослужуваа повеќе свештеници на МПЦ-ОА од Европската епархија.

-Верниот народ со голема побожност се причести со Светите Христови Тајни, а на крајот од Литургијата беше изразена благодарност кон сите присутни за нивната љубов и посветеност кон Црквата. На посебна радост за сите беше и претставувањето на новиот објект, кој неодамна е купен и ќе биде подготвен за нов православен храм, посветен на Светиот Првомаченик и Архидијакон Стефан. Овој благословен настан е уште еден чекор напред во духовниот и заедничкиот живот на Македонците во Холандија, кои со вера, љубов и истрајност го градат својот духовен дом далеку од татковината. Слава Му и благодарност на Бога за сè!, велат од Европската епархија.

Воедно тие одбележаа и 20 години од архијерејската служба на надлежниот митрополит Пимен.

ГАЛЕРИЈА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img