Брегалничката епархија одбележа четири години од осветување на храмот посветен на Света Лидија Македонска во Свети Николе.
На денот кога Православната Црква го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, тројца архијереи на МПЦ-ОА сослужуваа на Божествена Литургија.
Со Литургијата чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, во сослужение со надлежниот епархиски архиереј на Брегалничката епархија, митрополитот Брегалнички Иларион, и епископот Делчевско-каменички Марко.








