МПЦ-ОА тврди дека Петар и Никола биле во Москва по покана од Руската црква

Date:

Share post:

Владиката Петар и епископот Никола, биле во Русија на служба со патријархот Кирил на покана од Руската црква. Тоа за дневниот весник Вечер, го открил неименува извор од МПЦ-ОА.

-Тие се поканети на службата и за тоа патување е известен архиепископот г. г. Стефан. Станува збор за посети и за учество на богослужби кои се вообичаени меѓу црковните достоинственици. Епископот струмички, Наум, деновиве е во посета на Романската православна црква каде сослужува со тамошните достоинственици, а владиката делчевско-каменички, Марко, беше во посета на Франција – ни објаснија црковните извори, пишува дневниот весник Вечер.

Сепак во Русија не биле само двајца, туку тројца претставници на МПЦ-ОА. На сослужувањето бил и јеромонахот Атансиј, од Скопоската епархија на МПЦ-ОА, кој во круговите на МПЦ-ОА, важи како екстремно близок на Руската црква и човек од доверба на руските дипломати во државата.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img