По долги години од иницијаѕовата и десетина години од почетокот на изградвата, денеска беше осветена црквата Свети Великомаченик Мина во Сопиште. Ова е една од поголемите новоизградени цркви во скопско.
Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски Стефан во сослужение со свештеници од скопската епархија.
По Чинот на Осветување беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија во присуство на многуброен верен народ. На самиот крај од овој свечен настан, Архиепископот им врачи одличија „Архиепископ Доситеј“ на г. Јане Мицевски и г. Љубе Аврамовски за нивниот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот, велат од епархијата.
На осветувањето присуствуваа претставници на власта, Министерот за внатрешни Панче Тошковски, како и функционери од оваа партија.










