Вселенската патријаршија се соочува со сериозни предизвици во меѓуправославните односи, а новото жариште доаѓа од Албанија. Само шест месеци по изборот на новиот архиепископ Јован, Руската православна црква ги интензивира контактите во Тирана, оставајќи впечаток дека го користи просторот кој Фанар го запостави, пишува Ортодокс Тајмс.
По изборот, архиепископот Јован ја испочитува каонската процедурата и ред ја направи својата прва официјална посета на Вселенската патријаршија во Истанбул. Таму тој беше пречекан од патријархот Вартоломеј со традиционално сослужување, со што беше потврдено канонското почитување и добрата волја. Но, по тој чин – настапи молк. Од страна на Фанар не следуваа дополнителни контакти или иницијативи, а вакуумот што се создаде го искористи Москва.
Пред две недели, во Албанија пристигна делегација на Руската православна црква предводена од митрополитот Антониј од Волоколамск, во придружба на Николај Балашов, долгогодишен соработник на патријархот Кирил, и Игор Јакимчук, заменик-претседател на Одделот за надворешни односи. Ова беше првата официјална посета на висока делегација од странска црква кај новиот архиепископ.
Во соопштението на Архиепископијата на Албанија се нагласуваше значењето на „меѓуправославните односи“ и прашањето за мирот во Украина, што јасно укажува дека Москва го користи украинското прашање како главна точка на својата агенда.
Покојниот архиепископ Анастасиј, кој ја возобнови Албанската црква по падот на комунизмот, беше познат по одржување на рамнотежа – често имал несогласувања со Фанар, но никогаш не се стави под покровителство на Москва. Неговиот наследник, архиепископ Јован, иако формално воздржан, веќе се соочува со шпекулации дека по Константинопол, неговата следна официјална посета би можела да биде токму во Москва – чекор што би претставувал тежок удар за Фанар и грчката црковна дипломатија.
Во меѓувреме, во Албанија сè почесто се зборува за процес на „дехеленизација“ на локалната црква. Тврдењата се дека архиепископот не треба да го носи името Јоанис, туку да се користи албанска форма како Џовани или Жоан.
Развојот на настаните внимателно го следат и другите православни цркви, бидејќи Албанија, за разлика од Бугарија, има поголемо симболично значење во поширокиот контекст на православието и во рамнотежата на влијанија меѓу Фанар и Москва.


Веке сите сватија дека Вртоломеј американски циа агент а и прости ми Боже големи се шансите да се демоно опседнат