Митрополитот Алексеј на Аљаска се извини поради средбата со Путин

Date:

Share post:

Митрополитот Алексeј од Аљаска упати јавно извинување откако предизвика бран реакции поради својата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Анкориџ, Аљаска.

Во својата изјава, митрополитот напиша:

„Искрено се извинувам на сите кои доживеале болка, страдање или збунетост поради моите постапки во изминатите денови. Чувствувам длабоко жалење за скандалот што го предизвикав.“

Митрополитот истакна дека неговата намера била да покаже христијанско гостопримство, но свесен е дека средбата со Путин предизвикала негативни чувства и соблазна кај многу верници.

Неговиот надреден, архиепископот Тихон, од Православната црква во Америка (OCA), јавно се дистанцираше од средбата, нагласувајќи дека таа не била одобрена и не ја претставува официјалната позиција на Црквата. OCA претходно јасно ја осуди руската инвазија врз Украина.

Критиките пристигнаа и од други православни кругови, особено од украинските православни заедници во САД, кои сметаат дека средбата со Путин — обвинет за воени злосторства и со меѓународна потерница од Меѓународниот кривичен суд — му дава неоправдан легитимитет. Еден од украинските свештеници изјави дека ова е „предавство на Христовото Евангелие и соблазна за верните“.

Овој случај уште еднаш ја отвори дебатата за односите меѓу Православната црква во Америка, која историски потекнува од Руската православна црква, и украинските православни структури во дијаспората, кои жестоко се противат на секаков симболички чин што може да се протолкува како поддршка на руската агресија.

/Црковен Журнал

1 COMMENT

  1. Ако велите дека сте презеле пост од ФБ страницата Црковен Журнал, таков пост не постои (ако постоел, го отстраниле). Но, на официјалната страница на Православната Црква на Америка постои писмо на Митрополитот Алексеј кој во братска љубов и со христијанска чест го дочека Претседателот на Руската Федерација во Митрополијата чиј архиереј е г. Алексеј. Дочек при посета со цел за отпочнување на мировни преговори. Имено, постои писмо на г. Алексеј Аљаски во кое тврди дека за тој дочек не бил известен Поглаварот на Православната Црква во Америка, за чија прошка Митрополитот моли јавно. Тоа бескрајно лицемерие од сеедно чија страна очигледно се очекува да го проголта целиот свет, за да им се удоволи на некоиси навредени Украинци. Но, за протоколот на таа посета беше известувано по сите светски медиуми однапред, беше добро познато дека Митрополитот Алексеј ќе го прими Претседателот Путин. Исто како што некогаш Св. Василиј Велики како Владика во својата епархија ги примаше сите светски властодршци, им укажуваше гостопримство, им упатуваше срдечни молби во име на народот ако имаше потреба, се обидуваше да ги смилостиви ако ги сметаше за безмилосни во нивните одлуки итн. За што се извинува тој? Мизерна е позицијата во која денес себеси се ставаат некои црковни великодостојници со јавни потези западнати во далеку од православен популизам. Кој кого води овде: мирјаните со реакции на нивните паднати умови ги раководат архиереите или обратно: архиереите како носители на полнотата на даровите на Светиот Дух (барем со својот пример) ги раководат мирјаните? Што ќе им удоволеше на украинските бегалци и дезертери: Митрополитот на Ситка и Аљаска да излезе и со огорченост да го анатемиса Владимир Путин, да пресече секаква можност за преговори со него, и да ги прогласи Украинците за најсвети жртви на неговата немилосрдност? Ако тие Украинци ширум Америка посакувале таква постапка, ич нека не дезертирале и нека не бегале од Украина, нека излезеле на бојното поле и нека се бореле до последниот Украинец, што би рекол Зеленски, со Русите. Но, полесно им е да си живеат по европски и американски хотели, да си трошат масна социјална помош, па и на цел свет да му солат памет како да се однесува и што да прави во врска со нивната војна. Мир не им треба, ако настапи ќе треба да се вратат во Украина и да се фатат за работа. Грузија ги избрка, зашто таму дури и кренаа обоена револуција против грузиските власти, кои на сметка на буџетот од работливиот грузиски народ ги беа сместиле со гостопримство за кое просечниот Грузиец може само да сонува. Тие Украинци и’ бараа на Грузија да им отвори специјални училишта на украински јазик (зашто рускиот јазик иако го зборуваат го презираат) и да им овозможи бесплатни операции за промена на полот и други привилегии за трансродовите лица. Тоа е таа багра за која Православието како и се’ друго е само говорница за самодокажување и за молзење лична корист. Време е црковните пастири да се однесуваат како пастири, а не како некакви медиумски ѕвезди на кои популарноста им зависи од реакциите на фановите. “Со цврста рака и подигната мишка…” Се разбира, многумина се оглушија од гласот на Оној што Го држи седумкратниот Дух Божји и седумте ѕвезди Цркви (Откр. 3, 1 – 22). Но, заветот меѓу нив и Него е многу посериозен одошто тие мислат, не може да се спореди со лигавата белосветска желба да не повредуваат ничии чувства. Иднината на Америка е во нивни раце: ако се покажат полтрони на светските власти слични на цариградските патријарси, нивната јурисдикција во Америка ќе остане празна форма. Но, ако знаат да живеат и постапуваат непоколебливо во духот на Светото Предание, ќе ги сведочат не само автокефалноста и духовната сила на својата Црква туку и присуството на Троичниот Бог во овој свет и век. Господ на помош!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img