Пимен служеше во Кошице Словачка

Date:

Share post:

Европскиот митрополит Пимен служеше Света Литургија во Кошице Словачка. Ова сослужување меѓу МПЦ-ОА и Црквата на Чешките и Словачки земји е по покана на архиепископот Миколско-кошицки Георгиј.

Литругијата била во храмот „Успение Богородично“ во градот Кошице, во Словачка.

Во својата беседа, митрополитот Пимен, посочил на надежта на секој христијанин, кој верува дека во Христос и Неговата победа над смртта сите сме повикани кон радоста на животот што ги надминува границите на биолошкото постоење. Митрополитот, исто така, го поздрави архиепископот Георгиј и сите верници во името на Неговото Блаженство Стефан архиепископот Охридски и Македонски. Потсетувајќи на заедничкото кирило-методиевско наследство, тој на храмот му подари икона на преподобниот Наум Охридски – Чудотворец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img