ИВЗ покани лажен поглавар на Косовска православна црква на отварање џамија во Струшко – контролира ли државата кој се со мантија влегува во Македонија?

Date:

Share post:

Исламската верска заедница во Македонија свечено отворила нова џамија во струшко, каде како гостин го поканила Никола Џуфка, лице кое себи си се самопрогласи за поглавар на т.н. автокефална православна црква во Косово.

Џуфка бил гостин на свеченото отварање на џамијата на 3 август во неделата, кога поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул-улема Х. хафиз Шаќир еф. Фетаи, придружуван од Генералниот секретар Х. Ирсал еф. Јакупи, муфтиите на Скопје, на Тетово, на Штип, на Охрид и други претставници на ИВЗ ја отвориле новата џамија во струшкото село Татеш. На настанот бил и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Како Никола Џуфка влегол во Македонија со црковни одлучија, кој дал дозвола од државата засега е непознато, но она што е јасно е дека ова лице никој во православниот свет не го признава за легитимен епископ, дури ниту Апбанската православна црква.

Самопрогласениот архиепископ на на православните Албанци на Косово често во црквите носи шалови со мотиви од „Голема Албанија“, па дури и олтари и други делови од црквите, ги украсува со такви знамиња, а на неговиот фејсбук профил ваквите фотографии се достапни.

Иако, либералните структури на Косово жестоко го критикуваат нековиот активизам, сепак постојата полтички структури кои му даваат поддршка, осбено во насилно презамање на православни цркви, кои се сопственост на СПЦ.

Кој е Џуфка?

Никола Џуфка е државјанин на Албанија од градот Елбасан. Ниту една црква не го прифаќа Џуфка за свештено лице. Албанската православна црква неодамна објави дека тој лажно се претставува како клирик. Уште во 2022 година во соопштение наведе дека Џуфка не е признат од ниту една христијанска црква во било која земја, обвинувајќи го за ширење дезинформации и за потсмевање и омаловажување на православните свештеници во Албанија.

Албанскиот писател и политичар Ветон Сурои, во изјава за косовскиот медиум Коха, го нарекува однесувањето на Џуфка „феномен на лажни пророци, познат уште од библиските времиња, кој во последно време добива нова димензија на Косово и во Албанија, предизвикувајќи тензии во етничко-религиските односи во регионот“.

Сурои додава дека неговото делување претставува прекршување на црковните канони, како и на косовското законодавство, кое јасно ја признава Српската православна црква како сопственик и корисник на овие верски објекти.

„Од правен аспект, Џуфка влегува во објекти кои традиционално се во сопственост и употреба на Српската православна црква, што не е само светогрдие, туку и директно кршење на уставно-правниот поредок на Косово, заснован на планот на Ахтисари“, додава тој.

Косовскиот аналитичар Агрон Маљиќи на социјалните мрежи еднаш напиша дека Џуфка „е православен свештеник исто колку што тој е астронаут на НАСА“.

1 COMMENT

  1. Овака чисто информативно, истиот овој Џуфка е обвинет за истополови напади врз неколку лица во Албанија, а истите тврдат дека имаат снимки, СМС пораки, и слично што ги потврдуваат нивните обвинувања. Доволно е само да се потражи името Nikolla Xhufka преко Google и веднаш станува јасно за каков „свештеник„ станува збор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img