Игуманијата на Марковиот манастир ја напушти МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Сестра Илијана, Игуманија на Марковиот Манастир, кај Маркова река во Скопје, ја соблекла монашката облика и ја напуштила МПЦ-ОА, дознава Религија.мк. Со најзиното заминување не постои и монашкото сестринство во овој манастир.

Читатели на Религија.мк, извесен период посочуваа дека сестра Илијана не е повеќе во манастирот. Веста за заминувањето на монахињата ја потврдуваат и од МПЦ-ОА, но не откриваат детали. Посочуваат дека станувало збор за лична одлука

Неофицијално во Скопската епархија се зборува дека поранешната монахиња на МПЦ-ОА сега работи во приватна фирма. Нема информации дали нејзе и официјални и се одземени монашките чинови.

Сестра Илијана беше долги години дел од монашкото сестринство во Марковиот манстир. Со нејзина заложба манастирот доби нов лик, откако по 2002 година од него заминаа неколку монаси, кои тогаш се приклонија кон поранешната ПОА.

Неофицијално, Религија.мк, дознава дека за нов игумен на овој манастир е поставен јеромонахот Атанасиј, кој исто така беш дел од ПОА, каде и беше замонашен, а во 2011 година се врати во МПЦ-ОА.

1 COMMENT

  1. Во приватна сопствена фирма, и со додаток на уште едно презиме до нејзиното моминско.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img