Игуменот Георгиј, кого Синодот на МПЦ-ОА го избра за иден Дебарко-кичевски митрополит денеска стана Архимандрит.
Чинот на ракополагање го извршил Архиепископот Стефан на литургијата во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец – Скопје.
На Литургијата за денот на Рождеството на Јован Крстител (Иванден), со Архиепископот Стефан, сослужувал и Епископот Климент.
Георгиј (Ѓорѓевски) ќе биде хиротонисан и устоличен за митрополит на Петровден во Охрид.

