Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го одзеде државјанството на земјата на митрополитот на Украинската православна црква (УПЦ), која е дел од Московската патријаршија на Руската православна црква, објави Безбедносната служба на Украина (СБУ).
СБУ тврди дека митрополитот Онуфриј, чие вистинско име е Орест Березовски, е државјанин на Руската Федерација од 2002 година, за што не ги информирал украинските власти, а исто така го обвинува и за одржување врски со Московската патријаршија, која „ја поддржува руската агресија против Украина“, објави денес украински Интерфакс.
И покрај целосниот обем на инвазијата, Онуфриј практично продолжува да ја поддржува политиката на Руската православна црква и нејзиното раководство, вклучително и патријархот Кирил“, соопшти СБУ.


Зеленски може да прави што сака, ама не може да направи Црква од ПЦУ. Колку повеќе сила употребува, таа заедница е се’ подалеку од можноста да воспостави благодатен живот и кај својот клир и кај своето какво-такво стадо. Па и вредноста на цариградскиот томос начисто падна преку примерот на ПЦУ. Колку само презимето зборува за човекот! И оригиналната професија за политичкиот водач!