Епископот Бихачко-петровачки Сергеј од Српската Православна Црква бил гостин на Лесновскиот манастир.
Домаќин му бил Брегалничкиот митрополит Иларион. Епархијата соопшти дека двајцата архијереи со гостите од СПЦ разговарале во Лесновскиот манастир. Посетата била на 20 јуни оваа година.
-На 20 јуни 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г, Иларион го пречека Неговото Преосвештенство Епископот Бихачко-петровачки г. Сергеј од Српската Православна Црква, кој со своите сопатници го посети Лесновскиот Манастир. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово!, велат од Брегалничката епархија.

