Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј

Date:

Share post:

Партениј за митрополит, народот си има право на свој духовен водич, дедо Стефан покажи мудрост, беа дел од транспарентите на верниците кои маршираа во Скопје против кандидатот за нов  митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Од плоштадот Македонија испратија пораки до поглаварот на МПЦ-ОА дека тие имаат свој духовен пастир.

Нивниот избор е епископот Антаниски Партениј за кого извикуваа Достоен. Маршираа од плоштадот, преку камениот мост се до манастирот Св.вмч Георгиј на Калето каде е и резиденцијата на поглаварот на МПЦ-ОА.

Транспарентите ги прикачија на ѕидот на манастирот. Вчера ваков собир се одржа и во Охрид.

Инаку пред неколку дена Архиепископот Охридски и македонски официјално го предложи монахот Георгиј за нов митрополит, а предлогот беше испратен до Синодот. Седницата за избор ќе се одржи на 12 јуни. Георгиј беше замонашен на 27 мај, а неколку дена подоцна доби свештенички чин.

/Сител

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img