Црн чад се појави вечерва во 21 часот од оџакот над Сикстинската капела, сигнализирајќи дека се одржало првото гласање на конклавата, но дека завршило без избор на нов папа, објави информативниот центар Ватикан њуз.
Илјадници верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ со часови имаа вперен поглед во оџакот на капелата. Сепак, нивното чекање беше подолго од очекуваното. Црн чад од оџакот појави дури по повеќе од три часа откако почна конклавата.
Со ова, се потврдија анализите на познавачите на состојбите во Католичката црква, кои тврдеа дека не може да се очекува избор на нов папа на првиот ден од конклавата.
Во 2013 година, за време на првото гласање на конклавата беше потребно помалку време да се појави црниот чад.
Сто триесет и трите кардинали што учествуваат во изборот на нов папа, сите помлади од 80 години, ќе ја поминат ноќта во ватиканските гостински куќи.
Утре рано наутро тие треба да се вратат во капелата за да одржат по два круга гласања во утринската и попладневната сесија, се додека еден кандидат не добиее двотретинско мнозинство, односно не добие поддршка од најмалку 89 кардинали.
Првото гласање е закажано со почеток во 9:30 часот.

