Зографскиот манастир на Света Гора ја прослави својата слава со новиот игумен

Date:

Share post:

Со сеноќно бдение и архиерејска Божествена Литургија беше одбележан соборниот празник на Светата Зографска Обител на Света Гора – Атон.

Празничните богослужби биле предводени од неговото преосвештенство, Мелничкиот епископ Герасим – главен секретар на Синодот на БПЦ, кој сослужувал со братството на манастирот и гости монаси од други светогорски обители. На крајот од вечерната богослужба, епископот Герасим го воздигнал новоизбраниот игумен на манастирот, јеромонах Гаврил, во достоинството архимандрит.

И оваа година, стотици поклоници пристигнале за да му се поклонат и да се помолат на светиот великомаченик и чудотворец Георгиј. Како што е востановено според традицијата, по Божествената Литургија се одржала и литија со една од чудотворните икони на светителот.

За манастирскиот празник на Зографската Обител пристигнала и владина делегација од Бугарија, предводена од заменик-премиерот Атанас Зафиров. Во делегацијата учествувале и повеќе други владини претставници.

Духовната прослава завршила со надеж во милоста Божја и молитвеното застапништво на светиот Георгиј, кој нека биде помошник во сите тешкотии и искушенија, не само за бугарскиот народ, туку и за сите луѓе во светот, – се вели во соопштението на Синодот на БПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img