Коптскиот патријарх Теодор на гости во Србија

Date:

Share post:

На третата недела по Велигден, посветена на Светите Жени Мироносици (4 мај 2025 г.), Патријархот Српски Порфириј началствуваше со Светата Архиерејска Литургија во храмот на Свети Сава во Врачар.

Непосредно пред почетокот на богослужбата, Патријархот Порфириј го пречека на влезот од храмот на Свети Сава Патријархот на Коптската Православна Црква, Теодор II. Коптскиот Патријарх, во придружба на својата официјална делегација, присуствуваше на Светата Литургија.

Во својата беседа, Патријархот Порфириј се осврна на евангелската одломка за Жените Мироносици, нагласувајќи ја нивната храброст и непоколеблива вера:

„Жените Мироносици, кои стоеја под Крстот за време на Христовото Распетие, ја добија честа први да го видат празниот гроб и Воскресението. Поради нивната храброст, вера и доверба во Христос, овие жени – кои во тогашното општество биле сметани за пониски – беа избрани од Господ да бидат сведоци на вистината по која човештвото жеднее: дека секој човек е создаден по образ и подобие Божјо и е создаден за вечност.“

На крајот од Литургијата, Патријархот Порфириј со срдечни зборови му посака добредојде на својот уважен гостин, Патријархот Теодор II, потсетувајќи на длабоките историски и духовни врски меѓу српскиот и коптскиот народ, кои датираат уште од времето на Свети Сава.

По Литургијата, во парохиската сала при храмот на Свети Сава се одржа прием, за време на кој се одвиваше и кратка средба меѓу делегациите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img