Велигденските чествувања во Сирија поминале под вооружена стража

Date:

Share post:

Во квартот Ал-Касаа во Дамаск, Патријархот Јован X Антиохиски го благословил до последно место исполнетиот храм на Светиот Крст за време на Велипеточната служба со Плаштаницата. Низ цела Сирија, христијаните ги наполниле храмовите до максимум за време на Страсната седмица, пркосејќи им на стравувањата дека џихадистичките екстремисти ќе ги принудат да го слават Велигден затворени во домовите, како што беше случај на Божик.

Црквите функционирале непречено, со невидено присуство на народот на Плаштаницата и на велигденските богослужби. Преодниот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шараа, се погрижил христијанските прослави да се одвиваат без проблем, признавајќи ја нивната важност за меѓународниот имиџ на новата власт. Велигден бил прогласен за државен празник, а на Воскресенската богослужба во Антиохосиката Патријаршија во Дамаск, која ја водел Патријархот Јован X, присуствувала и владина делегација и од Грција.

За да се спречат џихадистички напади, храмовите биле обезбедувани од вооружена полиција и христијанска милиција. Марија-Атина Стефану, жителка на Дамаск со грчко потекло, за „Катимерини“ раскажа за живото заедничко празнување на православните и католиците: „Црквите функционираа нормално. Извидници со труби и дајриња свиреа химни. На Велики Петок ја носевме Плаштаницата низ Ал-Касаа. Православниот храм на Светиот Крст и католичката црква на Свети Кирил, која се наоѓа спроти него, беа преполни“, рече таа.

Во дамаскиот кварт Баб Тума, каде што се наоѓа Патријаршијата, илјадници верници се приклучиле на литијата со Плаштаницата. Воскресенските богослужби ги исполниле храмовите во Латакија, Алепо и други градови. „Атмосферата беше свечена,“ забележа Стефану, опишувајќи како млади момчиња удирале дајриња по улиците за да ја пренесат веста за Воскресението. Во нејзината околина останале само 80 христијански семејства, со мал број млади луѓе.

И покрај заканата од изолирани екстремистички групи, безбедносните мерки овозможија сигурност. „Полицијата ги затвори улиците, а млади луѓе од маалото, заедно со вооружени службеници, проверуваа сомнителни лица,“ објасни Стефану. Улиците биле блокирани за да се спречат автомобили-бомби, а млади христијани патролирале по населбите секоја ноќ од 22 до 6 часот.

Стефану истакна и некои традиции, како кршењето со црвени велигденски јајца и делењето на цуреки (великденска погача). Додека порано заедничкото јадење јагне на ражен било вообичаено, денес, поради малубројната христијанска популација, таа традиција се губи. „За нас, беше како Христос повторно да воскресна во Сирија,“ рече таа, говорејќи за издржливоста на сиријските христијани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img