Руската црква и помогнала на СПЦ да го зачува српството во Македонија

Date:

Share post:

Драгослав Бокан, режисер, политичар и националист, во интервју на српската телевизија К1, псветено на посетата на Српскиот патријарх Порфириј на Москва, откри детали зошто СПЦ се одлучила за признавање на МПЦ. Бокан вели дека српската јавност треба да биде спокојна, бидејќи непотребно ја критикува СПЦ за црковната самостојност на МПЦ, бидејќи прашањето за признавањето на МПЦ е тактичко, а не суштинско. Вели дека во решението помогнала Црковна Москва, со што и се обезбедило на СПЦ владение врз српските цркви од средновековието.

Еве како тој тоа го објаснува:

-Прашањето за самосталноста на МПЦ, кое во нашата јавност е погрешно протолкувано како еден минус на нашата црква, нешто што е протолкувано како против српството. Вистината е дека ние во сојуз со Руската православна црква дојдовме до тоа решение. Тоа е многу важно да го разбереме. Тоа беше борба меѓу Москва и Истанбул. Ние бевме на страната на Москва. Москва ни помогна да го направиме тоа, да ние бидеме Мајка црква на Македонците, а не Истанбул. Москва ни помогна да биде запишано дека тоа се цркви на српско духовно наследство на српските средновековни владари и дека ние им ги даваме нив на користење, за да можеме ние прв пат после 1941 година да сослужуваме, наши свештеници на СПЦ, да сослужуваат на тие места. Во тоа помогна Русија, вели Бокан во интервјуто.

Тој прецизно лооцира дека црковното прашање на МПЦ е решено пом сугиестија на Москва, поради отворениот судир со Вселенската патријаршија. Бокан точно лоцира дека ако не беше иницијативата на Вселенската патријаршија, веројатно прашањето немаше да биде решено. Од друга страна пак ако тоа прашње се решаваше преку Вселенската патријаршија, СПЦ ќе ги изгуила своите позиции и влијание во Македонија. За таквата заслуга, како што вели за српството, Бокан му оддава признане на Рускиот патријарх.

-Сакам да кажам дека Патријархот Кирил е важен елемент во тој статешки однос меѓу нашите цркви. Тактика, стратегија, суштина. Луѓето тоа не го разбираат. Они не разбираат дека ние на тактичко ниво можеме да зборуваме за позитивна улога и за Папата, на пример по прашањето за Степинац, или по прашањето за абортусот. На стратешко ниво не можеме да одиме така широко, можеме да одиме на тесно ниво… Во тактичките работи можете да имате разни ситуации, но во суштината не, вели Бокан.

Неговиот заклучок е дека самостојноста на МПЦ е тактичко прашање за СПЦ, нешто што и дава простор на маневар, но не и суштинско, бидејќи вели дека во суштинските работи нема експериментирање.

Погледнете го видеото.

1 COMMENT

  1. Така вели г. Бокан, така му изгледа нему од неговата точка на гледање. Но ние како Македонци гледаме дека Руската Православна Црква остана доследна на својата долгодецениска пракса кон Македонската Православна Црква во овој спор, имено: со огромна, иако внимателна фактичка поддршка. Добро се сеќаваме дека претставници на монаштвото и на свештенството на Руската Православна Црква отворено истапија во поддршка на Македонската Православна Црква во мигот кога неколку македонски архимандрити и манастири му се придружија на кампусот на Вранишковски, недолго откако тој го прифати оној познат повик на СПЦ со кој беше формирана ПОА. Срдечните, братски писма на тие руски претставници во она време беа ненадеен неочекуван блесок кој дојде до изолираната Македонска Православна Црква токму со богословски образложенија за суштинските предности на Нејзината позиција од пастирски и од еклисиолошки аспект. Тие писма впрочем беа упатени до личностите коишто тогаш одлучија да Ја напуштат МПЦ-ОА, во нив добронамерните руски пастири и подвижници уверуваа дека силата и чистотата на Црквата (или дејството на Светиот Дух во Неа со кое тогаш наголемо се манипулираше во српските црковни кругови) не зависат од Нејзината официјална признатост или непризнатост, со кои тие руски Отци ги преколнуваа да не Ја напуштаат Црквата во Која духовно се родиле, израснале и служеле веќе украсени во монашки и во свештенички чин. Оттогаш Руската Православна Црква многу се потруди да оддава признанија на плодовите на МПЦ-ОА во рамките на можното (со внимателност да не ги расчепка ранливите точки на СПЦ по ова прашање). Македонските црковни хорови на пр. беа поканети на сите руски црковни фестивали, некои од нив беа наградувани. Фактот дека српскиот православен народ со безрезервна љубов и во огромен процент го поздрави прифаќањето на МПЦ-ОА во семејството на сестринските Православни Цркви е само сведоштво дека честопати царското свештенство е далеку послободно од невидливите пранги во кои знае да биде оковано служебното свештенство и дека љубовта дише послободно и помоќно од властољубието од сеедно каков вид. Впрочем и Христос остана Цар и Првосвештеник без свештенички одежди и единствениот олтар на кој ги извршуваше Своите Божествени чуда беше Неговото срце.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img