Чешките разузнавачи известија дека руската црква Свети Петар и Павле во комплексот спа-одморалиште во Карлови Вари била користена за тајни состаноци и операции на офицери на руското воено разузнавање (ГРУ). Според чешката безбедносна и разузнавачка служба, некои од овие состаноци биле директно поврзани со непријателски дејствија против земјите-членки на ЕУ.
„Ова не е храм во традиционална смисла – оваа црква е дел од машината на Кремљ“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски за чешката новинска агенција.
„Наместо духовна работа, нивните напори се насочени кон служење на интересите на руската држава“, рече тој.
Црквата во Карлови Вари функционира како подворје на Московскиот патријарх, еден вид амбасада на Московската патријаршија. Поранешниот шеф на парохијата во Карлови Вари. Микола Лишењук беше протеран од земјата минатата година поради национална безбедност.

