Митрополитот европски Пимен, беше претставник на МПЦ-ОА на погребот на папата Франциск и на 26 април присуствуваше на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, каде беше одржана погребната служба за Франциск.
За разлика од МПЦ-ОА, дел од помесните православни цркви ги претставуваа поглаварите. Во Рим беше Вселенскиот патријарх Вартоломеј со делегација на Патријаршијата. Патриајрхот Јован ја претставуваше Антиохиската Патријаршија. Албанската црква пак ја претставуваше исто така архиепископот Јован. Во Рим беше и Архиепискот на Црквата на Чешка и Словачка, Ристислав.
Останатите православни цркви имаа делегации. Руската ја претставуваше Митрополитот Волоколамски Антониј, шеф на руската црковна дипломатија.

