Светот се прости од папата Франциск – околу 50 претседатели на држави во Ватикан, меѓу нив и Силјановска Давкова

Date:

Share post:

Во Ватикан, но и ширум светот оддекнуваат камбаните. Над 200.000 луѓе присуствуваа на церемонијата на плоштадот пред базиликата Свети Петар во Ватикан по повод погребот на папата Франциск.

Потврдена е присутност на околу 50 претседатели, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп и 10-тина владеачки монарси. Челници на Германија, на Франција, на Велика Британија, на Бразил, на Аргентина, на Украина, на Европската Унија, исто така, допатуваа во Ватикан.

Во Ватикан беше и македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Ковчегот со папата беше запечатен во петокот вечерта на приватна церемонија што ја водеа осум кардинали. Лицето на папата Франциск беше прекриено со бел свилен вел, a телото испрскано со света вода. Неговите предмети, како медали и кованици кои беа исковани за време на понтификатот, се поставени во внатрешноста. Во ковчегот е поставен и посебен документ, со попис на клучните точки во неговото 12-годишно папство.

Папата Франциск побара да биде закопан во едноставен дрвен ковчег, обложен со цинк, за разлика од неговите претходници кои беа закопани во три меѓусебно поврзани ковчези од храст, чемпрес и олово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img