Во телеграма потпишана од државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин во недела 16 март 2025 година, се изразува близината на папата Франциск со семејствата кои ги загубија најблиските, главно млади луѓе, во пожарот што избувна во дискотека во Кочани.
Папата Франциск изразува „искрено сочувство“ и ја ветува својата „духовна близина со повредените“ во пожарот што избувна во текот на ноќта во ноќен клуб во Кочани, предизвикувајќи 59 загинати и 155 повредени.
Ова се наведува во телеграмата потпишана од државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин, упатена до Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов. Во текстот, папата Франциск ветува дека во неговите молитви ќе ги има оние кои ги загубија своите животи“, и моли „небесна утеха за оние кои ги страдаат од последиците“ на ова тешко искушение.

