Папата хоспитализиран

Date:

Share post:

Папата Франциск ги откажа закажаните настани за следните три дена откако денеска беше хоспитализиран, соопшти Ватикан.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој боледува од бронхитис, требаше да одржи аудиенција во сабота и миса во недела. Во понеделник тој требаше да ги посети римските филмски студија Cinecitta. Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата утрово е хоспитализиран поради бронхитис.

-Денеска, по завршувањето на аудиенцијата, папата Франциск беше примен во болницата за да ги направи потребните тестови и да продолжи со лекувањето на бронхитис во болнички услови“, се вели во соопштението.

Папата Франциско во последните години имаше проблеми со грипот и други здравствени проблеми. На почетокот на овој месец, за време на аудиенција, тој им кажа на верниците дека боледува од „лоша настинка“, која подоцна Ватикан ја опиша како бронхитис.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img