Владиката Петар отслужи панихида за Александар Ростковски, руски конзул во Битола во 1903 годаина и за сите починати дипломати на Рускатата Федерација, денеска во Битола, ден што Русија го одбележува како Ден на руската дипломатија. Амбасадорот Сергеј Баздникин и претставници на полтичките партии во Македонија, пак положија цвеќе пред споменикот на Рускиот крст во градскиотр парк.
– Денес во Русија и ширум светот руските дипломати го славар денот на руската дипломатија. Вработените во Руската дипломатка служба во сите времиње се одликувале со висока професионалност и најдобри морални квалитети, длабока љубов кон татковината, голема грижа за интересите на Русија, доследно го спроведуваат политичкиот курс и исполнување на задачите кои ги поставува раководството на земјата, на чело со претседателот Владимир Путин, а тоа е наша дожност. Им оддаваме почит на починатите колеги, пред се оние кои се починати на должност, изјавил Баздникин.
-Битола како конзулски град се покажал и докажал дека тука се водела големата и вистинската дипломатија во тоа време, во времето на Отоманската империја. За нас Македонците ова е мошне значајно затоа што придружникот на конзулот Алекандар е нашиот познат и може да се рече и основополошник на современиот литературен јазик, Крсте Петков Мисирков, кој бил како еден вид домашен или семеен учител или поточно воспитувач на децата на конзулот, изјавил владиката Петар.

