На руската армија ѝ требаат повеќе попови

Date:

Share post:

Руската православна црква (РПЦ) најави дека планира значително да го зголеми бројот на воените свештеници, за да обезбеди „поголема духовна поддршка на војниците во зоната на конфликтот во Украина“. Во моментов, околу 300 свештеници служат во оваа функција, но РПЦ има за цел да го зголеми бројот на 1.500, пренесува Комерсант.

Митрополитот Кирил ја истакнал потребата од повеќе свештеници за „зајакнување на моралната отпорност на воениот персонал и спречување на дехуманизација за време на борбите“.

„Работата на воените свештеници е главниот услов за победа во оваа војна“, според главниот воен свештеник на Руската православна црква Дмитри Василенков. „Војникот што е верник ја разбира целта на војната, па дури и во услови на екстремна бруталност, не дозволува да стане ѕвер“, вели тој.

За верникот е „полесно да излезе на линијата на огнот и да се соочи со смртта“, а колку повеќе има такви војници, толку поблиску е победата, заклучува Василенков.

Во својата војна против Украина, Русија ја користи Руската православна црква како клучен пропаганден елемент. РПЦ ја оправдува и ја поддржува инвазијата, за што сведочат официјалните медиумски ресурси на руската црква и публикациите на веб-страниците на Министерството за одбрана на Руската Федерација, истакнувајќи ја нивната блиска соработка со властите и агенциите за спроведување на законот. Министерството за одбрана на Руската Федерација има дури и оддел посветен на соработка со верниците во руските вооружени сили.

/МКД.МК

1 COMMENT

  1. Така ли? Се нарекувате ‘Молитвеник за информации’ ?! А зошто сте го изобличиле, зошто сте го скратиле написот, сте ги исфрлиле од изворниот текст сведоштвата за помошта Божја во борбите, за огромниот труд над работата на духовниот профил на рускиот војник, воопшто на богоцентричната платформа на севкупното однесување во конфликтот, на повикот за што поскоро канонизирање на непобедливиот руски војсководец Александар Суворов, на чудата доживеани меѓу руската војска преку иконите на Мајка Божја, на Св. апостол Вартоломеј итн. ? Или за уделот на познатата руска икона на Пресвета Богородица “Омекнувачка на злите срца” во потпишувањето на значајните договори меѓу Дмитриј Медеведев и Барак Обама во 2010 година? За подвигот на преобразба на номиналните христијани во војската во дејствителни духовни личности?

    Russia Today го пренесува во целост на англиски, како превод на рускиот оригинал објавен во Комерсант, со авторски потпис на Александар Чењик и Полина Јачменикова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img