Вчера, на официјалниот сајт на СПЦ се појави текст што се однесува на студентскиот протест. Текстот е тенденциозен и безуспешно се обидува од висина да ги поучува студентите, а завршува со несмасно срочена лажна дилема. Сè што имаме да кажеме за ваков недостоен текст е: Не во наше име!, се наведува во соопштението потпишано од 18 теолози, свештеници, монаси и монахињи.
Како што истакнуваат, авторот на соопштението на СПЦ ги повикува студентите да се одлучат во кој универзум сакаат да живеат, „а тие тоа недвосмислено го покажуваат веќе со месеци“.
„Сите нивни барања се сведуваат на едно: сакаат почитување на Уставот и законите. И ништо повеќе. Тие, значи, јасно одлучија дека сакаат да живеат во универзум на почитување на законите, залагање за правда и човекови права, непоколебливо барање на вистината, уважување на честа и зачувување на чесноста. Со други зборови, тие се одлучија за универзумот на изворното Евангелие. Во таа одлука ја имаат нашата целосна поддршка“, се истакнува во соопштението, со дополнение:
„А патријаршискиот автор нека си го избере својот универзум. Студентите и ние нашиот одамна го избравме“.
Соопштението го потпишаа:
- Протојереј-ставрофор проф. д-р Владaн Перишиќ, парох дубровачки
- Благоје Пантелиќ, теолог
- Протојереј-ставрофор Благота Василјевиќ
- Д-р Вукашин Милиќевиќ, теолог
- Вукоман Миленковиќ, магистер по теологија
- Протојереј-ставрофор Дражен Тупањанин
- Протојереј Душко Шаровиќ
- Ѓакон Крсто Авдаловиќ
- Маја Јовановиќ, теолог
- Д-р Марко Вилотиќ, теолог
- Јереј Младен Чалија
- Монахиња Павла, игуманија на Петропавловскиот манастир
- Протојереј-ставрофор Радивоје Круљ
- Академик проф. д-р Радомир (Сава) Саичиќ
- Ѓакон Саво Лазиќ
- Протојереј-ставрофор Стеван Ковачевиќ
- Јеромонах Сава Мириќ, игумен на Манастирот Тврдош
- Проф. д-р Александар Поповиќ, Универзитет во Белград, Хемиски факултет

