Вселенскиот Патријарх изрази сочувство за смртта на Џими Картер

Date:

Share post:

Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, со официјално патријаршиско писмо упатено до семејството Картер, изрази искрено сочувство од страна на Вселенскиот Престол и лично од него за упокојувањето на незаборавниот Џими Картер, 39-тиот претседател на САД.

Во патријаршиското писмо се истакнува, меѓу другото, дека покојниот беше голем пријател на Вселенската Патријаршија и на Православните во САД, особено на блаженоупокоениот Архиепископ поранешен на Северна и Јужна Америка, г. Јаков. Во писмото се потсетува и на неговата посета на Фанар во 1985 година.

Вселенскиот Патријарх, исто така, се осврнува на состраданието кое Џими Картер го покажаше кон ближните, како и на неговата смиреност и благородност на карактерот, особини кои инспирираа многу луѓе низ светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img