Државниот врв на ручек кај Архиепископот

Date:

Share post:

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, Спикерот Африм Гаши и Премиерот Христијан Мицкоски беа гости на именденскиот и божикен ручек кај Поглаварот на МПЦ– Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

На ручекот со државниот врв Архиепископот го придружуваа митрополитите Петар и Агатангел.

-Покрај искрените честитки, му посакав добро здравје и изразив желба за понатамошно успешно извршување на важната мисија на духовен чувар и водач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. За време на прославата, на која беа присутни носителите на највисоките државни функции, ја потенциравме важноста на духовната сплотеност и заедништво во градењето, застапувањето и одбраната на националните интереси, потенцираше Претседателката Силјановска Давкова.

-Ги изразив најдобрите желби за овие празници и посакав година исполнета со мир, здравје и благосостојба за нашата земја. Овие празници и настани се значајни бидејќи ни овозможуваат да размислуваме за нашите заеднички вредности како што се толеранцијата и хармонијата, и затоа ја нагласив важноста од промовирање на единството, добрината и заемното почитување меѓу различните групи на нашето општество, вели претседателот на Собранието, Гаши.

-Денес имав чест да присуствувам на традиционалниот божиќен ручек, организиран во чест на именденот на поглаварот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, Неговото блаженство г.г. Стефан. Нека е за многу години!, вели Премиерот Мицкоски.

На 9 јануари, црквата го слави светиот Архиѓакон и Првомачени Стефан, ден кој е именден на Архиепископот Стефан.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img